Според Ники Лауда одлуката на раководството на Формула 1 следната година да го воведе ореолот како задолжителен е грешка. Лауда изјави дека спортот може да работи за подобрување на безбедноста на пилотите во кокпитот, но и дека ореолот не е чекор во вистинската насока.
“Тестирано е сè – ореолот, аероскрин – предлогот на Ред Бул и заштитното ветробранско стакло на Ферари, но ниту едно од овие решенија не беше добро. Ореолот е грешка“, изјави Лауда.
Ники Лауда е трикратен светски шампион, кој преживеа фатална несреќа во 1976, и дефинитивно знае колку е важна безбедноста, но објасни дека според него ореолот ќе ги уништи болидите.
ФИА објави во средата дека ореолот ќе биде воведен за сезона 2018 и ќе биде задолжителен. Тој претставува конструкција која се фиксира врз болидот во три точки, и беше тестиран, по што и неколку пилоти се побунија, но потоа изненадувачки се предомислија.