Мерцедес официјално објави дека го напушта DTM шампионатот на крајот на сезоната 2018 и потврди создавањето на фабрички тим во Формула Е во сезоната 2019/20. Тимот од Штутгарт беше суштински дел од германските серии уште од продолжувањето во 2000-та, а по излегувањето од шампионатот ќе останат само со два конструктора – БМВ и Aуди.
Мерцедес за првпат искажа интерес за Формула Е минатиот октомври, приклучувајќи се кон растечкиот список со конструктори, запалени по целосно електричниот шампионат. Мерцедес се приклучи на својот претходник на модерниот DTM – Deutsche Tourenwagen Meisterschaft во 1988, а првата титула пристигна четири години подоцна благодарение на Клаус Лудвиг. Во 1996-та првенството беше прекинато поради трошоци, а во 2000-та одново продолжи. Лудвиг ја освои втората титула пред сериите да бидат затворени, а Бернд Шнајдер – вкупно пет. За сребрената стрела на првото место завршија уште Гери Пафет, Пол ди Реста и актуелниот пилот на Заубер Паскал Веерлајн.
Се очекуваше Мерцедес да влезат во Формула Е уште во сезоната 5 – 2018/19.