More
    HomeВестиРикиардо најбрз на двата тренинга на "Хунгароринг"

    Рикиардо најбрз на двата тренинга на “Хунгароринг”

    Објавено на

    Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо запиша најбрз круг на патеката “Хунгароринг” и поведе во првиот слободен тренинг за Гран При на Унгарија. Австралиецот извозе за 1:18.486 минути и го претекна Кими Раиконен со Ферари со 0.234 секунди и Луис Хамилтон со Мерцедес со 0.372 секунди. Четврти во табелата од седницата остана другиот пилот на Ред Бул – Макс Верстапен, а петти беше Валтер Ботас од Мерцедес. На секунда од лидерот завршија Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо и Стофел Вандоорн, а топ 10 ја затворија двајцата пилоти на Рено Нико Хулкенберг и Џолин Палмер.

    Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо беше најбрз и во вториот слободен тренинг за Гран При на Унгарија денеска. Во 90-минутната сесија, со прекин на два пати поради црвени знамиња австралиецот направи круг на “Хунгароринг” за 1:18.455 минути, победувајќи го Себастијан Фетел со 0.183 секунди. Мерцедес повторно мораше да се задоволи со третото место, овој пат окупирано од Валтер Ботас. Четврти беше Кими Раиконен со Ферари, а петти беше Луис Хамилтон. Макс Верстапен повторно не можеше да се доближи до темпото на соиграчот и даде шесто време. Седми беше Нико Хюлкнеберг со Рено, следен од клубскиот колега Џолин Палмер, кој повторно имаше проблеми. Британскиот пилот се удри при последниот свиок, каде пред тоа катастрофа имаше и Паскал Веерлајн со Заубер. Како во првиот тренинг, така и во вториот двајцата пилоти на Мекларен си најдоа место во топ 10, но овој пат со нив дојде и Карлос Сајнц со Торо Росо.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ