Тимот на Ферари покажа силни перформанси на патеката “Хунгароринг” од нивните главни конкуренти за титулата во Формула 1 – важечките шампиони од Мерцедес. Себастијан Фетел направи многу силна квалификација и ги остани далеку зад себе пилотите на “сребрената стрела”.
Најблиску до четирикратниот светски шампион се доближи неговиот соиграч од Скудерија Кими Раиконен.
Изненадувачки сонародникот на финецот Валтер Ботас покажа подобра брзина денес и со третото време го прати клубскиот колега Луис Хамилтон на четврта стартна позиција. Британецот се надеваше да ја продолжи силната форма во последните два месеци, но сепак ќе почне од втората стартна линија.
Макс Верстапен продолжува да е побрз од соиграчот од Ред Бул. Холанѓанецот ќе биде пред австралиецот Даниел Рикардо.
Во Топ 10 се и Нико Хулкеннерг од Рено, двајцата пилоти на Мекларен Фернандо Алонсо и Стофел Вандоорн и Карлос Сајнц од Торо Росо.
Пол ди Реста инаку го замени Фелипе Маса во Вилијамс за квалификациите, но и за трката за Гран При на Унгарија. Ова ќе е прво учество на Ди Реста од четири години. Фелипе Маса се чувствувал лошо по вториот слободен тренинг на “Хунгароринг” вчера и веднаш беше одведен во медицинскиот центар до патеката, а потоа и во локалната болница за преглед. Во саботата наутро медицинскиот делегат на ФИА му даде зелено светло да учествува во вежбањето, но за време на сесијата тој повторно се пожалил. Во Правилникот за да може еден пилот да замени друг во трката, мора да е вклучен во барем еден тренинг од викендот. Затоа Вилијамс го повикаа Ди Реста, кој беше на тренитиот тренинг и во квалификациите, и ќе се бори за поени и во недела.
Пол ди Реста има 58 натпревари зад себе, како последниот му беше во 2о13 година за Форс Индија. Потоа тој остана резервен за Вилијамс и премина во германските DTM серии со Мерцедес. Ди Реста ќе се натпреварува со број 40, кој Вилијамс го регистрираа за резервниот пилот.