Себастијан Фетел ја освои последната трка од календарот на Формула 1 пред летниот одмор, откако ја заштити првата позиција од стартот до финишот на “Хунгароринг”. Кими Раиконен заврши втор и така Ферари запишаа двојна победа во Унгарија.
Трет беше Валтер Ботас со Мерцедес, кој го остави назад својот соиграч Луис Хамилтон во последниот свиок од последниот круг.
Фетел ја зголеми предноста на табелата, Пол ди Реста скокна во болидот на Вилијамс во последен момент, за да го замени Фелипе Маса, и се претстави одлично.