More
    HomeВестиИзненадувачки шампион во Формула Е

    Изненадувачки шампион во Формула Е

    Објавено на

    Бразилецот Лукас ди Грас од тимот на Абт Ауди е новиот шампион во Формула Е, откако Себастијан Буеми доживеа несреќа. Двајцата пилоти беа фаворитите за светската титула од третата сезона на електричните серии.

    Буеми ја започна сезоната како неприкосновен фаворит со три последователни победи, но потоа работите во претставувањето почнаа да се менуваат. Најголемиот удар, кој беше нанесен врз Буеми, дојде вчера со дисквалификацијата од првата трка во Монтреал поради пониска тежина на болидот. Така тој не ги зеде 12-те поени од четвртата позиција и заостана цели 18 поени од Ди Грас на чекор од финалето.

    Кошмарот продолжи по контакт во првиот свиок и Буеми скрши дел од аеродинамичниот пакет на болидот и мораше да помине време во боксот.

    Последната трка сезонава беше освоена од Жан-Ерик Верн, за кого ова беше прва победа во Формула Е, а на втората позиција заврши оној кој стартуваше од полпозиција Феликс Розенквист. Ди Грас тргна петти, откако во финалето ја размени позиција со онаа на својот соиграч Дани Абт и заврши шести.

    Буеми даде сè од себе, но сообраќајот на патеката го успори значително и тој заврши 11-ти на влакно од зоната на поени. Сепак неговиот тим и на Нико Прост ЕДармст Рено ја освоија титулата кај конструкторите.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ