Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон изјави дека дури и да се повлече по крајот на оваа сезона од Формула 1, неговите успеси во спортот се неспорни. Британецот објасни дека ако го следи примерот на клубскиот колега Нико Розберг и го напушти тимот и шампионатот, тоа нема да го промени фактот дека оставил “наследство” на спортот.
“Судбината ми е во мои раце. Можам да одлучам да запрам и на крајот на оваа година. Ова ќе значи дека наследството ќе ми е помалку големо отколку ако останам уште пет години? Кој одлучува? Понекогаш размислувам што би правел по Формула 1. Потоа ја гледам колата и си велам:” Подобро да oстанам тука “. Не знам колку долго уште, но сеуште сум конкурентен, гладен за победи и во најдобра форма”, изјави британскиот пилот.
Трикратниот светски шампион има договор со “сребрената стрела” до крајот на 2018 година.