Андреа Довициозо со Дукати триумфираше со трета победа од почетокот на сезоната 2017 во MoтоГП по битката со светскиот шампион Марк Маркез до последниот свиок на австриската писта “Ред Бул Ринг”. Довициозо беше фаворит за победа по минатогодишното претставување, но Маркез успеа максимално да му ја искомплицира задачата.
Клубскиот колега на Довициозо Хорхе Лоренцо започна одлично, но не успеа да се избори за подиум и финишира четврти зад Дани Педроса.
И двајцата пилоти на Јамаха Маверик Виналес и Валентино Роси не успеаја да се вмешаат во борбата за победа при влезот во карираното знаме соодветно на шестото и седмото место, а пред нив двајцата успеа да финишира и пилотот на Јамаха Јован Жарко.
Во генералниот пласман по 11 поминати круга Маркез продолжува да биде лидер со предност од 174 бода, следен од Довициозо со 158 б., Виналес со 150 б., Роси со 141 и Педроса со 139 б.