Новиот извршен директор на Формула 1 Чејс Кери изјави дека сака во календарот на шампионатот да влезат уште неколку трки во САД. Во моментов единствениот американски круг е во Тексас, но Кери се надева на листата да се приклучат уште три-четири.
“И пред тоа реков дека сакам во САД да има уште четири трки – во Њујорк, Мајами, Лос Анџелес и во Вегас. Засега само водиме преговори и се уште не сакаме да има публицитет по тоа прашање. Секој од овие градови пројавил интерес , од наша страна, исто така има, но навистина не мислам дека работите треба да стануваат јавно сеуште. Сакаме да најдеме вистинска платформа со вистинските партнери, вистинската можност и место за да го направиме настанот кој ќе го фати вниманието на публиката. За да го постигнеме сето тоа, треба да водиме преговори. Бараме вистински партнери, а не само договор “, изјави Кери.