Ферари го обнови договорот на пилотот Кими Раиконен и тој ќе се натпреварува за нив и наредната сезона во Формула 1. Така тимот од Маранело конечно стави крај на шпекулациите и финскиот пилот ќе може да ја започне мирно втората половина на сезоната 2017, без да се грижи за својата иднина.
Кими се приклучи на Скудерија во сезоната 2014, потпишувајќи двегодишен договор. Во 2015 во тимот дојде и Себастијан Фетел и оттогаш двајцата се борат рамо до рамо за италијанскиот тим. Како минатата, така и во оваа сезона, сепак, од Ферари се закануваа Кими дека можат да го отстранат, бидејќи заостанува од клубскиот колега и не се претставува доволно успешно. Сега сепак сомнежите во Ферари за талентот на Кими очигледно се исчезнати и Маурицио Аривабене му понуди нов договор.