15-годишниот син на Ралф Шумахер и внук на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер – Давид – е најновиот додаток во светот на моторспорот.
Во моментов тој се натпреварува во германските DKM картинг серии, но од следната година ќе тргне по патот на синот на Михаел – 18-годишниот Мик – со трки во Формула 4. Давид очекувано ќе се приклучи на тимот US Racing, во основата на која стои и името на татко му.
Ралф Шумахер исто така има искуство со Формула 1. Германецот смени три екипи за десетте години во шампионатот и забележа шест победи и 27 подиуми.