Оваа недела Мерцедес официјално го најави влегувањето во целосно електричниот шампионат Формула Е во сезоната 2019/20.
Германскиот производител шокираше со веста дека го напушта DTM шампионатот, како пред неколку месеци Нико Розберг шокираше со своето повлекување од Формула 1 по освојувањето на светската титула.
Сега Розберг е првиот на листата за потенцијални шефови на единицата, и германсјите медуми веќе го прогласија за нов шеф на новиот тим во Формула Е.
Самиот Розберг изјави кога ја напушти Формула 1 каде сеуште е актуелен шампион, дека ќе влезе во Формула Е, а по само неколку месеци и неговиот тим Мерцедес го најави и официјално влегувањето во електричното натпреварување.