Моторите на Мерцедес сеуште се најмоќните во Формула 1 и покрај сериозниот отпор, кој им го покажа главниот конкурент за светската титула Ферари.
Оваа информација ја потврди пилотот на “сребрената стрела” Валтер Ботас. Финецот меѓутоа, прецизира дека во тркачки режим болидите на Ферари се многу блиску до неговиот и оној на клубскиот колега Луис Хамилтон.
“Во квалификацискиот режим сеуште имаме највисока моќност во мотори. За време на трките Ферари се многу, многу блиску до нас. Во моментов користиме и ново гориво, што ни дава дополнителна енергија. Достигнавме до фаза во која и најмалите детали се од значење. За оваа година од Скудерија завршија феноменална работа. Резултатите им покажуваат дека вкупниот пакет им го дава токму она за што е создаден – да се брзи на секоја трка”, изјави Ботас.
Ботас се приклучи на тимот на почетокот на 2017 година, заземајќи го местото на пензионираниот Нико Розберг, но со договор само за една сезона.