Клер Вилијамс, која ја исполнува улогата на заменик-шеф на Ф1 тимот Вилијамс, изјави дека не се брза да нуди нови договори на пилотите за следната сезона.
Фелипе Маса го одложи повлекувањето од спортот и се врати да му помогне на тимот пред почетокот на сезоната 2017, кога стана јасно дека Валтер Ботас ќе го замени Нико Розберг во Мерцедес. Сега тој е 11-ти во пласманот кај пилотите и се претстави подобро од очекуваното, но дали ќе се задржи и следната година, очигледно нема да дознаеме наскоро.
Соиграчот на бразилецот Ленс Строу, оваа сезона дебитира и разбирливо резултатите на канаѓанецот се послаби.