Мекларен конечно се согласи со Хонда да го прекине договорот за испорака на мотори. Значи, од следната сезона, тимот од Вокинг ќе стане клиент на Рено, и Хонда ќе почне да го доставува Торо Росо.
Враќањето на јапонскиот производител во Формула 1 со Мекларен во 2015 не започна ветувачки и во наредните неколку сезони наместо ситуацијата да се подобри, претставувањето стануваше слабо. Моторите постојано беа расипани и тимот беше на дното на рангирањето кај конструкторите. Односите меѓу двете страни се влошија, а денес тие завршуваат.
Мекларен веќе потпишале тригодишен договор со францускиот производител, што значи до почетокот на 2021 година, кога во сила ќе стапи новиот Правилник за моторите, тимот ќе е со Рено.
Торо Росо веќе постигна договор со Хонда, но не е јасно колку години. Дел од договорот меѓу Рено, Торо Росо, Мекларен и Хонда е и Карлос Сајнц Џуниор, кој исто така беше ослободен од договорот со Ред Бул и догодина ќе се натпреварува за фабричкиот тим на Рено.
Фернандо Алонсо, сеуште не одлучи дали да остане во Мекларен или не.