Ѕвездата на Мерцедес Луис Хамилтон ја освои Гран При на Јапонија, по кошмарот за неговиот главен конкурент за титулата Себастијан Фетел. Германскиот пилот на Ферари отпадна по оштетување на моторот и така од Скудерија повторно направија голем дар на своите ривали од Мерцедес. Предноста на табелата кај пилотите на Луис веќе е 59 бода пред Себастијан, на четири старта до финишот.
На пиедесталот се качија и двајцата пилоти на Ред Бул Макс Верстапен и Даниел Рикиардо. Четврти беше другиот пилот на Мерцедес Валтер Ботас, а петти Кими Раиконен од Ферари. Следуваа двајцата пилоти на Форс Индија – Себастијан Окон и Серхио Перес, па двајцата пилоти на Хаас – Кевин Магнусен и Роман Грожан, а во топ 10 се најде и пилотот на Вилијамс Фелипе Маса. Додека Фернандо Алонсо од Мекларен не дојде до поени.