Младиот талент на Ферари Шарл Леклер ја освои титулата во Формула 2 три кола пред крајот на сезоната по победа на шпанската патека “Херез”.
Леклер стартуваше од осмата полпозиција за сезоната – рекорд за Формула 2, подобрувајќи го овој показател на постигнувањата на шампионите во Формула 1, Луис Хамилтон и Нико Розберг.
Леклер се приклучи на академијата на “црните коњчиња” во 2016-та, а наскоро се очекува официјално да биде претставен како пилот на Заубер во Формула 1 за сезоната 2018.
19-годишниот пилот сними 98 круга во Унгарија, измина поголема дистанца од оваа во Гран При на Унгарија и ги остави на 0.088 секунди зад себе пилотот на Мекларен Стофел Вандоорн во првиот ден од сезонскиот тест на “Хунгароринг” во Формула 1 на почетокот на август.