Во недостаток на официјални и целосни податоци за 2017 година, во 2016 година Кина и Јапонија биле земјите со најголемо производство на автомобили во светот. Убедливо на првата позиција со 24,42 милиони возила се наоѓа Кина додека Јапонија е на втората позиција со 7,78 милиони вовила. На третата позиција, очекувано, се најде Германија со 5,75 милиони возила. На листата топ 10 земји се наоѓаат уште и САД, Јужна Кореа, Индија, Шпанија, Мексико, Бразил и Велика Британија.
Изненадувачки, на листата на 20те земји со најголемо производство на автомобили во светот не се наоѓа Италија. Познавачите на авто индустријата во Италија и не се толку изненаде со оглед на фактот што ФИАТ како носител на оваа индустрија веќе подолго време практикува локализација на своето производство па така во Италија се производуваат мал број на автомобили додека поголемиот дел на автомобилите на ФИАТ се произведуваат во Полска, Србија, Турција како и во останатите земји од светот како што се Индија, Аргентина, Бразил и Мексико.
