Во рамките на авто саемот кој овој месец се одржува во Детроит, САД, германскиот производител Фолксваген конечно ја претстави долгоочекуваната Jetta. Со дизајн сличен на Шкода Суперб, особено во задниот дел и предница слична на новиот Артеон, VW ќе се обиде да се измие за скандалот “Дизелгејт” и повторно да ја поврати репутацијата од пред неколку години.
Jetta ќе биде опремена со истиот 1,4 литарски, четири цилиндрен мотор кој може да произведува до 147 КС. Покрај овој стандарден фолксвагенов мотор, Jetta ќе биде достапна и со 1,6 и 2,0 литарски мотор кој исто така беа дел од претходната генерација.
Што се однесува до внатрешноста, централно место зазема VDC (Volkswagen Digital Cockpit) кој е сличен на концептот на виртуелен кокпит кој пак е дел од Ауди. Дигиталниот кокпит ги заменува традиционалните инструменти и акцент става на дигитализацијата на инструментите кои овозможуваат едно поинакво искуство на возачот. Исто така во соодветното ниво на опременост на купувачите ќе им пиде достапен и AppleCarPlay и Android Auto пакетот со 400 ватен BeatsAudio систем.
Новата Jetta во продажните салони во САД ќе се појави на почетокот на следната година, а нарачките за истата ќе може да се доставуваат од третиот квартал годинава. Цената на основниот модел започнува од 19.350 американски долари.
ФОТО: www.digitaltrends.com