На авто саемот во Детроит денеска своето деби го имаше BMW X2. Иако изгледот беше и од претходно познат сепак денеска за прв пат овој нов модел на BMW беше претставен пред пошироката јавност која можеше во живо да се запознае со новата ѕвезда на производителот од Минхен.
Базиран на платформата на втората генерација на X1, X2 претставyва мешавина на најдобрите дизајнерски елементи на германскиот производител. Со многу “поатлетски” изглед во однос на помалиот X1, и спортски карактер “позајмен” од X5 и седан моделите, X2 се очекува да биде генератор на продажбата за следните три години кога се очекува овој модел да прерасне во лидер во својата класа. Достапен во три варијанти: Basic, M Sport и M Sport X, BMW за X2-та има обезбедено 1,5 и 2,0 литарски бензински мотори и еден 2,0 дизел мотор.
Токму бензинскиот 2,0 агрегат е најсилниот во оваа гама со 228 КС додека дизелската изведа располага со 187 КС. Според официјалните податоци на германскиот производител, максималната брзина на овој модел достигнува 235 км/ч, а до 100ка забрзува за 6,7 секунди. Продажбата на X2 во САД и Европа ќе започне оваа пролет, а почетната цена во САД изнесува 38,400 американски долари.