Ford Mustang е најпродаван спортски автомобил во САД во последните 50 години. Благодарение на растечката популарност во Европа и на други места, овој модел е најпопуларниот спортски автомобил во светот.
Mustang се зацврсти во лидерството по продажба во 2016 година и стана најпродаван спортски автомобил во светот (во соодветниот сегмент) со над 150 000 продадени автомобили, но минатата 2017 година е забележано благо опаѓање на годишната продажба, но истото нема големо влијание за Mustang да ја загуби лидерската позиција.
Светската продажба се зголеми за 6% во однос на 2015 година, но во 2017 година во однос на 2016 година е забележан пад на продажбата од 2%.