Сосема очекувано новиот VW Артеон доби пет ѕвезди на Еуро НКАП тестот. Со скор од 85% во однос на безбедноста на децата, Артеон е најдобар во својата класа сезонава. Безбедноста на возрасните изнесува високи 96%, на пешаците 85% додека скорот во однос на безбедносната асистенција односно безбедноста на околината изнесува 82%.
Со овој скор Артеон со својата стандардна безбедноста опрема е убедливо најдобар т.е. најбезбеден автомобил во однос на конкурентите во својата класа. Во продолжение можете да го погледнете видеото од краш тестот на VW Артеон.