Одлична понуда од Порше Македонија. Никогаш подостапна од сега, новата Škoda Fabia може да биде ваша со почетен попуст од 1000 евра. Во соработка со Порше Лизинг, новата Škoda Fabia може да биде ваша со почетна цена од 9.448 евра. Оваа цена е со вклучен попуст од 1.000 евра, а се однесува на моделската изведба со 1.0 бензински мотор со 60КС и Active ниво на опременост кое вклучува: ABS, ASR, EDL, радио со 4 звучници, електричен серво управувач, ESP, централно заклучување на вратите, резервно тркало, Start-Stop систем, Iso-fix подготовка за детски седишта, челични тркала со пневматици 175/70 R14 и др.
Во поглед на димензиите, новата Škoda Fabia е идентична како и претходната генерација со 4.028 мм должина и 330 литри багажен простор, а потрошувачката на гореспоменатиот модел се движи од 3.9 до 4.9 литри на 100 километри.