Германскиот производител од Риселсхајм кој минатата година стана дел до PSA Групацијата, ќе го пропушти престижниот саем за автомобили кој во март годинава ќе се одржи во Жена. Како што пренесуваат светските медиуми, Опел по долги години активно учество, оваа 2018та нема да биде присутен на авто саемот во швајцарскиот град. По големата експанзија на нови модели кои минатата година беа претставени, оваа година Опел нема да претстави ниту еден нов новитет па земајќи го во предвид овој факт и тоа што веќе подолго време оваа дивизја на PSA е во финансиски проблеми, раководството донесе одлука да не настапи на овогодинешниот саем за авотмобили во Женева.
Според новиот маркетинг план за оваа деловна година, Опел ќе се фокусира на сопствени настани кои самостојно ќе ги организира во земјите од ЕУ, а преку кои ќе се обиде да ги промовира веќе постоечките модели со што планира да ја зголеми продажбата која е неопходна доколку германскиот производител сака да излезе од финансиската криза.
Инаку неучествување на авто саеми не е тренд кој започнува со Опел. Претходната година, Пежо и DS кои се дел од PSA Групацијата не учествуваа на саемот во Франкфурт, а ваква одлука минатата година донесоа уште и Nissan, Fiat, Volvo и Jeep. Oд друга страна, на најпознатиот авто саем во Франција, саемот во Париз минатата година го пропуштија Ford, Volvo и Mazda.