More
    HomeСпортКлубОстанати спортовиСајнц и Валкнер апсолутни победници на Дакар

    Сајнц и Валкнер апсолутни победници на Дакар

    Објавено на

    Карло Сајнц и Peugeot се победници на овогодинешното издание на релито Дакар. По 14 извозени етапи, Сајнц го освои првото место пред катарецот Ал Атија од Тојота. Иако Насер Ал Атија беше возачот со најмногу победи, сепак Сајнц со време 49:16:18 го освои првото место. Токму Ал Атија со неговата Тојота се најде на втората позиција пред неговиот тимски колега Виљиерс на третата позиција. Долгогодишниот возач на Дакар, французинот Стефан Петерхансел се најде на 4та позиција пред Јакуб Прзигонски од редовите на Мини кој ја освои петтата позиција.

    Во конкуренција на мотоцикли, првата позиција припадна на Ред Бул КТМ односно на австријецот Матијас Валкнер кој со време од 43:06:01 го освои првото место пред аргентинецот Кевин Бенавидес кој со својата Хонда забележа време од +0:16:53 во однос на првопласираниот Валкнер. За доминација на КТМ и Ред Бул се погрижија уште и Тоби Прајс и Антоин Мео кои го освоија третото и четвртото место.

    Во конкуренција на камиони и оваа година својата доминација ја потврди КАМАЗ. Така русите Николаев,Јаковлев и Рибаков ја освоија првата позиција со време од 54:57:37 пред белорускиот тим МАЗ предводен од Виазович, Харанин и Жухулин.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ