По одржаните јануарски саеми во Брисел и Детроит, во наредниот период не очекуваат возбудливи изложби во светот на автомобилизмот. Најочекуваниот саем во Женева е закажан ќе започне на 6 март и ќе трае се до 18 март. На овогодинешното издание се очекуваат бројни новитети и концепти. Претходно, во февруари ќе се одржи саемот во Њу Делхи (Индија) кој заедно со саемот во Пекинг и Токио е еден од најважните саеми во Азија.
Првиот авто саем во регионот е закажан за 10 април во Загреб. Веќе подолго време авто саемите на Балканот не се од особен интерес за светските производители, па на овој саем како и на останатите во Белград и Софија не треба да очекува ништо повеќе отколку изложба на веќе постоечката гама на автомобили на автодилерите во соодветните земји.
Традиционалниот саем за комерцијални возила во Хановер и оваа година ќе започне во септември додека оној во Истанбул ќе започне на 23 ноември.
Листата на засега официјално закажаните авто саеми е прикажана во продолжение.