Популарноста на квази теренците како што повеќето авто критичари би рекле, не ја одмина ниту FCA групацијата. Можеби нешто подоцна во однос на конкуренцијата, сепак и FCA лансираше два модели во овој сегмент. Станува збор за 500X на Фиат и Ренегејд на Џип.
Во продолжение ќе направиме споредба помеѓу овие два слични, но различни автомобили.
ИСТА КРВ, МНОГУ РАЗЛИЧЕН ДИЗАЈН
Добро е познато дека и Ренегејд и 500X се базираат на иста платформа. Станува збор за ФЦА 4X4 платформата, првенствено развиена во соработка со Џенерал Моторс на која се развиени меѓудругото и Опел Адам, Опел Корска, Фиат 500L, Фиат Типо и Опел Мерива. Иако на изглед различни, сепак станува збор за две исти возила. Се е исто, до милиметар. И ширина и должина, и висина и речиси меѓуоскино растојание.
Должина | 4,230 mm |
---|---|
Ширина | 1,880 mm |
Висина | 1,690 mm |
Дури и Ренегејд-от и 500X се достапни со исти мотори. Станува збор за дизелската варијанта на Фијатовиот Мултиџет мотор како и бензискиот Тајгершарк кој е карактеристичен за Крајслер, Доџ и Џип. Оттука и возните перформанси горе-долу се идентични. Можеби вљубениците во Џип или Фиат ќе почуствуваат разлика која произлегува од чувството и перцепцијата за двата бренда.
ГРАД VS ПЛАНИНА
Иако “техничките” т.е. возните карактеристики се идентични, сепак дизајнот е драстично различен. Џереми Гловер и Јан Хеџ при дизајнирањето на Ренегејд јасно е дека се водени од традицијата која со години се проткајува кај сите модели на Џип. Предната маска, деталите во внатрешноста, се е во знакот на Џип. Таквиот дизајн на прв поглед го прави Ренегејд по авантуристички и како створен за планина.
Од друга страна, Роберто Џолито, главниот дизајнер на 500 и 500L, во дизајнирањето на 500X како појдовна точка го има фијатовиот бестселер, 500. Дефинитивно доминира италијанскиот дизајн со што 500X е вистинска градска убавица. Створен за италијанските тесни улици, но не помалку идеален за стрмните терени, Фиат 500X со право е најпродаван суб компактен СУВ во Италија и еден од најпродаваните во Европа.
Големите разлики во дизајнот е одлична стратегија на FCA со која успешно допира до љубителите на автомобилизмот со два драстично различни вкусови. Американски и агресивен наспроти италијански и елегантен.
500X СО ПОНИСКА ЦЕНА, RENEGADE ПОПРОДАВАН
Во Европа, 500X е достапен почнувајќи од 17 илјади евра додека цената на Ренегејд започнува од нешто повеќе од 20 илјади евра. Разликата е нешто помалку од 3 илјади евра, но сепак тоа не влијае многу на продажбата. Така, според официјалните податоци, продажбата на Ренегејд во земјите од Европската Унија за 2015 година изнесува 53.940 возила додека на 500X изнесува 74,262 возила. Сепак на глобално ниво, Ренегејд е далеку попродаван благодарение на големиот удел на Северноамериканскиот пазар каде има поголема продажба за околу 60 илјади возила.
ВИДЕО
ФОТОГАЛЕРИЈА
АНКЕТА