More
    HomeВестиСледниот месец пристигнува новата Peugeot 508

    Следниот месец пристигнува новата Peugeot 508

    Објавено на

    Новата 508ца доаѓа во авто салоните. Иако Peugeot е фокусиран на СУВ гамата која во моментот е составена од 2008, 3008 и 5008, сепак Peugeot не се откажа од 508. Така на претстојниот саем за автомобили во Женева, францускиот производител ќе ја претстави новата генерација на Peugeot 508. Иако не официјални, сепак овие информации во јавност ги брифираа француските медиуми кои се повикаа на извори блиски до PSA Групацијата.

    За разлика од претходната генерација која се базираше на PF3 платформата, новиот 508 се базира на новата EMP2 која францускиот производител ја користи за SUV моделите. Голема разлика има во надворешниот дизајн кој е инспириран од концептите Instinct и Exalt. Во однос на внатрешноста во новиот 508 е вграден i-Cockpit кој е составен дел од актуелните модели како што се 308 и 5008. Во стандардната опрема ќе добиете 9,7 инчен капацитивен екран осетлив на допир кој ќе ви овозможи целосна мултимедијална интеграција со сите ваши паметни уреди.

    Цената на новиот Peugeot 508 не е позната, а се очекува да биде конкурентна на конкуренцијата во D сегментот. Според неофицијални информации новата 508ца ќе се произведува единствено во Рен (Франција) и Вуан (Кина). За потсетување, претходната генерација на 508 се произведуваше на пет локации и тоа во Франција, Кина, Малезија, Нигерија и Иран, а продажбата на овој автомобил се одвиваше исклучиво во ЕМЕА регионот вклучувајќи и неколку земји од Африка.

     

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...