More
    HomeВестиLancia Stratos повторно се враќа!

    Lancia Stratos повторно се враќа!

    Објавено на

    Легендарната Lancia Stratos по 40 години повторно се враќа во производство. Една од најлегендарните спортски автомобили од Италија ќе биде претставена на саемот за автомобили кој во март ќе се одржи во Женева. По неуспешниот камбек во 2010 година сега повеќе од сигурн е дека новата Stratos која всушност се базира на концептот од 2010 година ќе влезе во производство.

    Новата Stratos во најголем дел ќе биде составена од компонентите на Ferrari вклучувајќи го и 4.3 литарскиот V8 мотор кој произведува 540 КС. Со овие перформанси и тежина од 1,247 кг, Stratos 100ка ќе достигне за 3,3 секунди, а максималната брзина која ќе може да ја достигне изнесува 320 км/ч.

    Сепак треба да се напомене дека во реализацијата на овој проект не учествува директно Lancia. Производството на новата Stratos ќе биде под палката на Manifattura Automobili Torino (MAT) како и Brose Group. Мајкл Стошек кој е задолжен за овој проект најави дека ќе бидат произведени само 25 модели, а цената за еден автомобил изнесува 500 илјади евра.

    СЕ ЗАПОЧНА ВО 1973 ГОДИНА

    Приказната за Stratos започна во 1972 година. Тогаш, за прв пат дизајнерската куќа од Торино, Бертоне, влезе во “љубов” со Lancia. Претходно, традиционално, автомобилите на Lancia беа дизајнирани од Pininfarina. Барајќи наследник за Fulvia, Marcello Gandini од Bertone создаде неверојатно спортски автомобил кој во производство влезе наредната 1973 година. Со 2.4 cc и 190 КС, Stratos прерасна во вистински спортски автомобил, епитет кој го доби по двете победи на WRC шампионатите каде подоцна Lancia ја продолжи доминацијата со Delta HF.

    Oд оваа прва (и засега единствена) генерација, во периодот од 1973 до 1978 година беа произведени и продадени само 492 примероци. 

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ