Легендата на Toyota и ѕвездата на Need for Speed, Supra, по 16 години пауза повторно се враќа на големата сцена. Саемот на автомобили во Женева е местото каде следниот месец премиерно ќе биде претставена новата Supra. Иако сите информации поврзани со новата Supra се доста оскудни, сепак се најавува дека Supra ќе биде достапна во четири различни варијанти и тоа: основен модел, Supra GR, Supra GR Sport и Supra GRMN која ќе биде најмоќната варијанта од сите четири.
Сепак новата Supra ќе се продава под беџот на Gazoo (Toyota Gazoo Racing WRT е WRC тим од Финска), а според неофицијалните информации истата ќе биде произведена во ограничена бројка. Во однос на цената и точниот датум на производство нема сеуште никакви информации.