Фановите на Алфа Ромео долго чекаа нивниот “миленик” да се врати во Формула 1. Сепак, спортската италијанска марка на најпрестижното натпреварување ќе се натпреварува под знамето на Швајцарија. Алфа Ромео по долги години повторно се враќа во Ф1, а оваа сезона во Ф1 ќе се натпреварува заедно со швајцарскиот конструктор Заубер и при тоа ќе ги користат моторите на Ферари.
И покрај италијанските гени тимот на Алфа Ромео Заубер Ф1 ќе се натпреварува под знамето на Швајцарија. Тоа произлегува од стратешкиот договор потпишан помеѓу FCA и Заубер уште од јули минатата година, договор според кој новиот Ф1 тим ќе настапува под знамето на матичната земја на Заубер, Швајцарија.
Инаку сезонава, исто како и минатата во Ф1 ќе се натпреваруваат два италијански тима и тоа Скудерија Ферари и Торо Росо.
Првата трка од новата сезона се вози на 25 март во Мелбурн, Австралија.
АНКЕТА