More
    HomeТестовиСпоредбаРено Каптур vs Пежо 2008 - Француска битка за врвот

    Рено Каптур vs Пежо 2008 – Француска битка за врвот

    Објавено на

    Се појавија во 2013 и за кратко станаа хит. Единствениот сегмент во кој француските производители може слободно да кажат дека владеат е сегментот на субкомпактни кросовери. Таму, веќе подолго време владеат Рено Каптур и Пежо 2008 кои го имаат епитетот на најпродавани мали (“квази”) СУВ автомобили. Токму поради ова, се решивме да направиме споредба на овие два модели.

    Појдовна точка во дизајнирањето на Каптур и 2008 за дизајнерите на Рено и Пежо беа Клио и 208. Тоа многу лесно може да се забележи од надворешноста од што може да се заклучи и дека Каптур и 2008 се само поголема верзија на Клио и 208. Сепак, за волја на вистината, Каптур е малку пооригинален во “копирањето” на помалиот брат па оттука и “поблагите” линии во фаровите, a исто така има вградено и повеќе пластика кај праговите и на предницата со што се добива поголемо офроад чувство.

    Во поглед на персонализацијата, Рено Каптур овозможува поголема можност за персонализација во однос на 2008. Биколорноста овозможува купувачите да комбинираат две бои што на Каптур му дава истовремено и урбан карактер на автомобилот. Пежо 2008 нуди две мат и шест металик бои (Погледнете во каталогот во продолжение) кои одлично му прилегаат во секоја пригода.

    Во поглед на внатрешност, внатрешноста на Каптур е идентична како и кај Клио. Централната конзола ја сочинува 7” LCD екран осетлив на допир кој овозможува целосна интеграција со вашиот паметен телефон. Како и кај Каптур, така и кај 2008 доминира внатрешноста на 208 која кај овој модел има подобра завршна обработка. Како и кај Каптур така и кај 2008 на централната конзола доминира 7” LCD екран кој исто така овозможува интегрирање на вашиот смарт уред. За нијанса подобра изработка од Каптур и поголема ергономичност, 2008 овозможува навистина удобно чувство не само за оној зад воланот туку и за сите патници.

    Image result for peugeot 2008 2017Renault MEGANE GrandCoupe – desni profil vozila

     

    ПРОСТОРНОСТ НА НИВО

    Во поглед на димензиите можеме да кажеме дека двете возила се со идентични димензии. Должината на 2008 изнесува 4,158 мм што го прави 2008 за многу малку подолг во однос на Каптур чија должина изнесува 4,122 мм. Речиси иста е и ширината која изнесува 1,778 мм кај Каптур однсоно 1,740 мм кај 2008. Иако на прв поглед Пежо 2008 изгледа повисоко сепак податоците покажуваат дека Каптур е за 10 мм повисок во однос на 2008.

    Ваквите димензии овозможуваат навистина солидна пространост во внатрешноста, а кога сме кај внатрешност треба да се напомене дека во самата внатрешност има простор од 11-15 литарски простор за складирање на сето она што ви е потребно за незаборавни патувања.

    Во поглед на багажниот простор, Рено Каптур располага со 455 л. багажен простор кој може да нарасне и до 1235 л. што во споредба со Пежо 2008 чија минимална големина на бажаниот простор изнесува 350 л. е и тоа како повеќе.

    РЕНО СО ПОМОЌНИ МОТОРИ

    Peugeot 2008 нуди поширок избор на мотори, дури седум наспроти Renault Captur кој во понудата ума четири мотори. Бензинските мотори кај Peugeot 2008 започнуваат од 1.2 е-VTi со 82 КС. Тука е и 1.2 е-THP со 110 КС како и стандардните 1.6 бензински мотори достапни во две варијанти. Неизбежни од понудата се и дизелските мотори и тоа 1.4 HDI, 1.6 e-HDI и 1.6 BlueHDi. Потрошувачката варира во зависност од видот на моторот, но поторшувачката кај наекономичниот дизелски мотор се движи од 3.3 до 4.4 литри на 100 км.

    Captur од друга страна е достапен со три бензински и еден дизелски мотор. Бензинските мотори почнуваат од 1.5 cc кој располага со 106 КС па се до 2.0 cc кој продуцира до 143 КС. Единствениот дизелски мотор е со 1.5 cc и располага со 110 КС, а потрошувачката со овој мотор се движи во границите од 3.4 до 4 литри на 100 км.

    ФРАНЦУСКА БИТКА ЗА ВРВОТ

    Конкуренцијата помеѓу Renault Captur и Peugeot 2008 не е само во национални рамки. Всушност, веќе неколку години овие два модели се во битката за тронот за најпродавани мали SUV автомобили. Но во оваа битка се чини дека Captur е далеку поуспешен. Така, и во минатата 2017 и во 2016 Captur ја завршува годината на врвот со продадени 211.321 возило во 2017 однсоно 215.493 во претходната 2016 година. 2008та пак, во 2016 година има остварено продажба од 175.079 автомобил додека во претходната бележи раст од 3% и забележа продажба од 179.529 автомобили.

    Треба да се напомене дека минатата 2017 година на првите пет позиции според бројот на продадени возила во сегментот на мали SUV возила доминираат моделите на PSA Групацијата и Renault-Nissan. Покрај тоа што на првите две позиции се наоѓаат Renault Captur и Peugeot 2008, на третата позиција се наоѓа Opel Mokka, автомобил кој е дел од PSA Групацијата. На 4та позиција со продадени 145.682 возила се наоѓа Dacia Duster додека на 5та позиција е рангиран уште еден модел на Renault-Nissan Групацијата. Станува збор за Nissan Juke кој оствари продажба од 91.774 возила.

    Оттука битката за врвот во сегментот на мали СУВ автомобили и тоа како може да се каже дека е француска, исто како и доминацијата.

    ОЦЕНКА

    Генерално, двата автомобили се горе-доле на исто рамниште. Предноста кај Captur е просторноста, но оддруга страна Peugeot 2008 тоа го анулира со цената која е за 1200 евра пониска во споредба со основниот модел на Captur. Почетната цена на Peugeot 2008 изнесува 15.200 евра додека за Captur ќе треба да одвоите 16.400 евра. И двата автомобили се навистина фенси, одличен дизајн кој ја истакнува урбаната страна, но истовремено се потенцира и off-road карактерот.

    И кај дваата модели потрошувачката е навистина мала, па доколку при изборот на автомобил тргнувате од економичноста тогаш кој од одвие два да ги одберете нема да згрешите. 

     

    ВИДЕО

    КАТАЛОЗИ

    Каталозите за Рено Каптур и Пежо 2008 можете да ги погледнете во продолжение:

    Renault Captur
    Peugeot 2008

    ФОТОГАЛЕРИЈА

    Renault Captur
    Peugeot 2008

    АНКЕТА

     

    Кој автомобил повеќе ве привлекува?

    Renault Captur

    Peugeot 2008

    make surveys here

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...