Деловната 2018 започна, а со самиот почеток, производителите и автомобилските аналитичари ги анализираат податоците за продажбата за изминатата година. И официјално, минатогодишните продажни перформански за европското тло се достапни за јавност. Според истите, во Европа во минатата година се продадени 399 различни модели на автомобили. Очекувано на самиот врв се наоѓаат брендовите на Фолксваген Групација и Рено-Нисан алијансата.
Според официјалните податоци најпродавано возило за минатата година е Фолксваген Голф со продадени 482.177 возила. Иако оваа бројка претставвуа пад за 1,9% во однос на 2016 година, сепак Голф е убедливо најпродаваното возило во Европа пред Рено Клио на втората позиција. Најпродаваниот модел на Рено во изминатата година забележа продажба од 321.472 примерока што е за 3,4% повеќе во однос на 2016 година. На третата позиција се наоѓа уште еден модел на Фолксваген. Станува збор за Поло кое во земјите на Европската Унија достигна продажба од 271.369 продадени автомобили.
Со пад на продажбата од 14,5% во однос на 2016 година, Форд Фиеста со продадени 255.602 возила се наоѓа на четвртата позиција што ја прави Фиеста најпродаван модел на Форд во Европа. Најпродаваниот модел кој доаѓа од Азија е рангиран на 5та позиција. Станува збор за Нисан Кашкаи кој е единствениот автомобил од азијски производител кој се наоѓа во ТОП 10 најпродаваните автомобили во Европа. Овој модел на Нисан достигна продажба од 247.199 примероци што е пораст за 5,9% во однос на 2016 година. Од 6та до 10та позиција се наоѓаат уште: Пежо 208, Фолксваген Тигуан, Опел Корса, Шкода Октавиа и Опел Астра.
Во ТОП 20 најпродаваните модели нема ниту еден модел на Мерседес, Ауди, БМW и Алфа Ромео. Најпродаваниот модел на Ауди се наоѓа на 25та позиција. Станува збор за Ауди А3 кој достигна продажба од 163.928 примероци додека Серијата 1 на BMW се наоѓа на 33та позиција со продадени 137.959 примероци. Иако во САД забележа рекордна продажба, сепак во Европа, Алфа Ромео забележа далеку од посакуваната продажба. Најпродаван модел е Џулијета со продажба од 32.700 автомобили што го рангира овој модел на 130та позиција. Џулија пак бележи пораст од 135.6% во однос на претходната, 2016та година, но сепак бројката од 24.679 примероци е далеку под посакуваното ниво односно под нивото на конкуренцијата.
# | Модел | 2017 | +/- % |
1 | Volkswagen Golf | 482.177 | -1,9% |
2 | Renault Clio | 321.472 | 3,4% |
3 | Volkswagen Polo | 271.369 | 11,7% |
4 | Ford Fiesta | 255.602 | 14,5% |
5 | Nissan Qashqai | 247.199 | 5,9% |
6 | Peugeot 208 | 242.589 | -1,9% |
7 | Volkswagen Tiguan | 236.323 | 32,5% |
8 | Opel Corsa | 231.434 | 12,0% |
9 | Skoda Octavia | 227.213 | 0,2% |
10 | Opel Astra | 216.515 | 13,5% |