Култниот француски филм “Taxi” повторно се враќа на екраните. 20 години по објавувањето на првиот дел, на 11 април ќе се појави 5от дел од овој филм. Како и сите претходни делови, така и овој е продуциран од најуспешниот француски продуцент Лик Бесон. Во главната улога како и секогаш, бело Peugeot и навидум обичен таксист кој со неговите возачки особини и личен карактер како и благодарени на одлично вклопените споредни улоги ќе ве насмејат до солзи, а истовремено ќе ви го покачат адреналинот на максимум.
Во продолжение е прикажан трејлерот за Taxi 5, а дали оваа француска акциона комедија ќе се прикажува во кината во Македонија сеуште нема официјална информација.