На денешната седница одржана од страна на Регулаторната комисија за енергетика донесена е одлука за намалување на цената на горивата.
Така Еуросупер БС-95 од досегашните 66.5 денари за литро, од полноќ ќе чини 65.5 денари што е за еден денар намалување. Намалување од 1.5 денари има и кај Еуросупер БС-98. Од полноќ за еден литар од ова гориво ќе треба да платите 67 денари наместо досегашните 68.5 денари. По низата поскаувања, конечно бележи намалување и тоа од 2.5 денари и со тоа новата цена ќе изнесува 57 денари за литар.
Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ.