По 33 години Alfa Romeo конечно се враќа на патеките во Формула 1. Љубителите на F1 натпреварите, а особено приврзаниците на италијанскиот бренд долго чекаа да го видат болидот со беџот на Alfa Romeo. По повеќе месеци чекање денеска конечно швајцарскиот тим го објави изгледот на болидот кој оваа сезона ќе го возат Маркус Ериксен и Чарлс Леклерк.
“Долго работевме изминатите неколку месеци. Убеден сум дека Маркус и Чарлс континуирано ќе напредуваат” изјави Фредерик Васур, првиот човек на F1 тимот. Тој додаде дека целта за 2018 е континуирано подобрување на перформансите во текот на целата сезона.
Називот на овогодинешниот болид е C37, а според првиот човек на F1 тимот, филозофијата во дизајнот е комплетна променета, а голема промена предизвикал и новиот концепт на аеродинамика кој заедно со уште неколку новини го прават овој болид најдобар во досегашната историја на швајцарскиот тим.
Новата сезона од Формула 1 започнува на 25 март со големата награда на Австралија, тимот на Alfa Romeo Sauber е четвртиот кој го претстави својот болид за новата сезона. Претходно тоа го направија Haas, Red Bull и Williams, додека на 22 месецов е закажана премиерата на Ferrari и William.