Мик Шумахер – синот на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел, проговори за прв пат за својот татко јавно по инцидентот на француските Алпи пред 3 години.
Шумахер помладиот кој учествуваше на тестовите со својот нов болид од Формула 3 на патеката “Ред Бул Ринг”, изјави дека неговиот татко е неговиот идол.
“Мојот идол е татко ми. Само затоа што е најдобар. Тој е мојот модел во животот. Мојата цел е да станам светски шампион во Формула 1. Одам по својот пат во моментов. Ќе видиме што ќе донесе иднината”, изјави Мик.
Тој веќе работи како амбасадор на брендот Мерцедес, но изјави дека е отворен за понуда од младинската програма на Ферари, кои претходно беа категорични дека би го зеле во својот тим.