Од 2019 година секој нов Волво автомобил ќе биде со електричен мотор. Тоа го објавија од шведската компанија денес, истакнувајќи дека ставаат историски крај на автомобилите кои имаат само мотори со внатрешно согорување, и поставуваат електрификација во основата на идните бизнис планови. Ова е една од најважните чекори напред кон електрификација некогаш од производител на автомобили и ново поглавје во автомобилската историја воопшто.
Помеѓу 2019 и 2021 ќе бидат претставени 5 електрични, од кои 3 ќе бидат производство наov Волво, а другите 2 – на Polestar. Повеќе детали ќе бидат објавени во подоцнежна фаза. Овие 5 електрични автомобили ќе бидат дополнети со богата гама автомобили со бензински и дизел хибрид и Plug-in хибридни мотори, која ќе им даде на клиентите едне од најголемите можности за избор обезбедени од производител на автомобили.
Веста уште еднаш ја нагласува посветеноста на Волво да работи во насока на намалување на штетниот отпечаток врз животната средина и до 2025 година да го минимизира нивото на јаглерод, како кај производите, така и при производствените операции.