Во пресрет на претстојниот саем за автомобили во Женева, на интернет се појавија првите официјални фотографии од новата генерација на Peugeot 508 чија премиера е закажана токму на овој саем. Од достапните фотографии можеме да видиме дека новата 508 е речиси идентична на рендерот кој последните неколку недели кружеше на интернет.
За разлика од претходната генерација која се базираше на PF3 платформата, новиот 508 се базира на новата EMP2 која францускиот производител ја користи за SUV моделите. Голема разлика има во надворешниот дизајн кој е инспириран од концептите Instinct и Exalt. Во однос на внатрешноста во новиот 508 е вграден i-Cockpit кој е составен дел од актуелните модели како што се 308 и 5008. Во стандардната опрема ќе добиете 9,7 инчен капацитивен екран осетлив на допир кој ќе ви овозможи целосна мултимедијална интеграција со сите ваши паметни уреди.
Цената на новиот Peugeot 508 не е позната, а се очекува да биде конкурентна на конкуренцијата во D сегментот. Според неофицијални информации новата 508ца ќе се произведува единствено во Рен (Франција) и Вуан (Кина). За потсетување, претходната генерација на 508 се произведуваше на пет локации и тоа во Франција, Кина, Малезија, Нигерија и Иран, а продажбата на овој автомобил се одвиваше исклучиво во ЕМЕА регионот вклучувајќи и неколку земји од Африка.