Експанзијата на Сеат во сегментот на СУВ возила продолжува. По Атека и Арона, Сеат објави дека новиот СУВ ќе се вика Тарако. Името на новиот модел на шпанскиот производител доаѓа откако јавноста имаше можност преку јавна анкета да го одбере. Покрај Тарако, јавноста имаше можност да одбира и меѓу Алборан, Аранда и Авиља, но на крајот 35% од гласовите се запишаа на контото на Тарако кој всушност е старото име од римски период за градот Тарагона.
Инаку Сеат има долга традиција со именување на своите модели по некој од градовите во Шпанија. За прв пат на ваков чекор шпанскиот производител се реши во 1982 година кога еден свој модел тогаш го крсти по градот Ронда. Во меѓувреме Сеат ги воведе моделите Кордоба, Леон, Ибица, Толедо, Арона, Атека, Алхамбра, Алтеа, Ароса, Марбеља, Малага…
Што се однесува до премиерата на Тарако истото се очекува да се случи на претстојниот саем во Женева иако нема сеуште официјални информации за премиерата.