Извештајот за минатогодишните сообраќајни незгоди кои го објави Министерството за Внатрешни работи уште еднаш ја потврдува катастрофалната состојба на патиштата во Македонија. И минатата година од службениците на МВР евидентирани беа бројни сообраќајни незгоди кои не само што причинија голема материјална штета туку и одземаа голем број на животи.
Така на целата територија на Македонија во минатата календарска година се случиле 4.019 сообраќајки во кои животот го загубија 155 лица, 883 беа потешко повредени, а 5.391 лесно повредени. Најголем дел од сообраќајните незгоди се случиле на територијата на СВР Скопје и тоа дури 1.652, а по Скопје следи СВР Битола со 398 евидентирани сообраќајни незгоди. Вкупната материјална штета која настанала во овие сообраќајни незгоди изнесувала 116.803.187 денари.
Во продолжение е прикажан целосниот извештај.