Автопроизводителите за имиња на своите модели инспирација црпат од најразлични области. Сепак се чини дека географските термини се најчесто “злоупотребувани” при именувањето на автомобилите. Така на пример традиција на Сеат е своите модели да ги именува по градовите во Шпанија. Кордоба, Ибица, Арона, Леон се градови во Шпанија кој се искористени за брендирање на моделите на Сеат. Покрај шпанскиот производител и многу други авто производители за имиња на своите модели одбираат називи на некои градови, а најчесто експлоатирани се градовите во Италија.
Во продолжение ви претставуваме дел од автомобилите чиј имиња се инспирирани од градови ширум светот.
Алфа Ромео Брера – Брера (Италија)
Алфа Ромео Монтреал – Монтреал (Канада)
Шевролет Малибу – Малибу (САД)
Бентли Мулсан – Мулсан (Франција)
Бијанки Ѕ9 Вијареџо – Вијареџо (Италија)
Фиат Сиена – Сиена (Италија)
Форд Англија Торино – Торино (Италија)
Форд Капри – Капри (Италија)
Форд Кортина – Кортина (Италија)
Форд Гранада – Гранада (Шпанија)
>>> (ФОТО) Автомобили инспирирани од градови II дел <<<