По долгата најава Hyundai конечно ја претстави четвртата генерација на Santa Fe. Како што и се очекуваше, дизајнот на новиот модел ја следи филозофијата на Kona, но секако “спакуван” во поголема верзија. Всушност оваа генерација на Santa Fe е поголема во однос на претходната. Официјалните податоци покажуваатдека новиот модел е подолг за 70 mm и поширок за 10 мм, додека меѓуоскиното растојание е поголемо за цели 65 mm. Благодарение на зголемените димензии зголемен е и багажниот простор кој од 585 литра кај претходната генерација сега изнесува 625 литра.
Santa Fe ќе се продава во две варијанти и тоа Sport и XL. Најзначајна разлика помеѓу овие две варијанти е тоа што Sport варијантата располага со пет седишта додека XL варијантата со седум седишта.
Santa Fe исто така ќе биде достапен со три агрегати и тоа 2.4 литарски со 185 КС, 2.0 литарски со 232 КС и 2.2 литарска дизел изведба која ќе биде достапна на пазарот на Северна Америка. Сите опремени со осум степен автоматски менувач.
Салонската премиера на Santa Fe ќе се одржи на претстојниот саем за автомобили во Женева на кои се очекуваат и подетални информации вклучувајќи ја и почетната цена.