Големо задоволство предизвика веста за постигнувањето на договор помеѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и Германија околу обостраното признавање на возачките дозволи. Ова секако ќе биде од голема важност за нашинците во Германија кои со децении имаа проблем околу признавањето на возачките дозволи поради што беа изложени на дополнителни финансиски трошоци за преполагање во Германија.
Но дали знаете во кои се земји се признаени македонските возачки дозволи?
Република Македонија има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со следниве држави: Италија, Шпанија, Албанија и Босна и Херцеговина
Исто така во завршна фаза се преговорите со Австрија за возачки дозволи од Б категорија, со Австралија, Нов Зеланд и Словенија за сите категории од возачката дозвола. Иницирано е склучување на ваков договор и со соседна Србија како и со Бугарија и Црна Гора.
ИЗВОР: Министерство за Внатрешни Работи