Трендот на напуштање на дизелот и натаму продолжува. Последната информација доаѓа од Италија и според истата FCA до 2022 година ќе се откаже од дизел моторите. Ова официјално се очекува да биде објавено на 1 јуни кога е закажана презентацијата на новиот четиригодишен стратешки план на FCA, а кога ќе се објават и фазите на напуштање на дизелот. Во моментов FCA во голем број автомобили ги има вградено дизелските агрегати, а веќе две децении работеше на развојот на своите MultiJet дизелски агрегати.
Одлуката за напуштање на дизелот доаѓа по последните обвинувања адресирани на FCA за користењето на софтвер за манипулација при тестовите за издувни гасови, а секако влијание има и “Дизелгејт” скандалот поради кој Volkswagen претрпе неколку милијарди евра загуби.