Автопроизводителите за имиња на своите модели инспирација црпат од најразлични области. Сепак се чини дека географските термини се најчесто “злоупотребувани” при именувањето на автомобилите. Така на пример традиција на Сеат е своите модели да ги именува по градовите во Шпанија. Кордоба, Ибица, Арона, Леон се градови во Шпанија кој се искористени за брендирање на моделите на Сеат. Покрај шпанскиот производител и многу други авто производители за имиња на своите модели одбираат називи на некои градови, а најчесто експлоатирани се градовите во Италија.
Во продолжение ви претставуваме дел од автомобилите чиј имиња се инспирирани од градови ширум светот.
Хјундаи Санта Фе – Санта Фе (САД)
Хјундаи Тусон – Тусон (САД)
Хјундаи Соренто – Соренто (Италија)
Сеат Ибица – Ибица (Шпанија)
Сеат Толедо – Толедо (Шпанија)
Сеат Леон – Леон (Шпанија)
Сеат Арона – Арона (Шпанија)
Сеат Кордоба – Кордоба (Шпанија)
Сеат Алхамбра – Алхамбра (Шпанија)
Сеат Алтеа – Алтеа (Шпанија)
>>> (ФОТО) Автомобили инспирирани од градови I дел <<<