По сумирањето на продажните перформанси за минатата година време е да ги објавиме победниците и губитниците на изминатата година во Европа.
Дефинитивно победник број 1 е Renault-Nissan кои го зголемија годишното производство за 97.344 автомобили. Најголемо процентуално зголемување на производството има забележано Tesla и тоа 81.1%. На ниво на бренд најголем победник е Toyota која на ниво на бренд забележа зголемено производство, а со тоа и продажба во Европа од 80.080 возила. Со ова Toyota Motors забележа втор најголем пораст на продажба од 80.747 возила, резултат подобар од Volkswagen Group кој забележа зголемување на производствениот волумен за 66.585 автомобили. По Тојота, на втората позиција во поглед на најголем пораст на продажбата по бренд има Mercedes-Benz и тоа за 66.973 автомобили односно Peugeot за 56.559 автомобили.
Наспроти Renault-Nissan кој забележаа најголемо зголемување на производството т.е. продажбата, најголемо намалување има кај Honda и тоа од 18.553 автомобили со што може да се каже дека е најголем губитник во поглед на продажбата за изминатата година во Европа. Покрај во апсолутна бројка Honda има и во процент најголемо изразено намалување на продажбата и тоа од 11,7%. На ниво на бренд најголем губитник е Opel со намалување на продажбата од 49,600 автомобили.
Сумирано, во продолжение се прикажани најуспешните авто производители за изминатата година во поглед на продажбата во Европа.
Групација | 2017 | 2016 | Промена | |||
1 | Volkswagen Group | 3.677.539 | 3.610.954 | 1,8% | ||
2 | PSA | 2.464.559 | 2.452.234 | 0,5% | ||
3 | Renault-Nissan | 2.285.409 | 2.188.065 | 4,4% | ||
4 | BMW AG | 1.039.878 | 1.026.931 | 1,3% | ||
5 | Fiat-Chrysler Automobiles | 1.038.283 | 989.504 | 4,9% | ||
6 | Ford Motor Comp. | 1.030.076 | 1.041.435 | -1,1% | ||
7 | Daimler AG | 1.006.443 | 945.723 | 6,4% | ||
8 | Hyundai-Kia | 972.592 | 929.331 | 4,7% | ||
9 | Toyota Motor | 720.566 | 639.819 | 12,6% | ||
10 | Geely | 302.263 | 289.820 | 4,3% |
ПОБЕДНИЦИ:
Renault-Nissan – Успеа да стане број 1 производител и да забележи пораст на продажбата во Европа од 4.4%
Тоyota Motors – Забележа најголем пораст на продажбата во Европа и тоа од 12.6%
Volkswagen Group – И покрај се, сеуште е број 1 во Европа
ГУБИТНИЦИ:
Opel – Бројните новитети не придонесоа за зголемување на продажбата. Напротив, забележа намалување во однос на претходната за 49.600 автомобили што е навистина многу.
Honda – Јапонскиот производител забележа најголем пад на производството/продажбата во Европа.