Alfa Romeo на претстојниот саем за автомобили во Женева нема да понуди нов модел. Сепак, италијанскиот производител ќе ги објави Nring изданијаната на постоечките модели поточно Stelvio и Giulia. Nring едицијата има за цел да го одбележи рекордот на Stelvio постигнат на Нирбургринг што го прави Stelvio најбз SUV во својата конкуренција.
Моделите претставени во Женева ќе располагаат сп 503 КС и 2,9 литарски twin-turbo V6 мотор кој овозможува до 100ка Stelvio да постигне за само 3,8 секунди додека Giulia за 3,9 секунди. Ве ентериерот двата модели се опремени со карбон-керамички сопирачки, седишта од специјалната линија на Sparco со карбонфибер, внатрешна подлога од карбонфибер, Mopar брендиран менувач и патосници, Arman Kardon аудио систем, 8.8 инчен екран на допир со навигација и слично.
Инаку увертира за овие модели е најбрзиот круг на Stelvio кој го забележа во 2016 година. Тогаш Stelvio на познатата германска патека го помина кругот за 7 минути и 51.7 секунди со што го помина рекордот на Range Rover Sport SVR од 8.14 минути. Giulia на истата патека го помина кругот за 7 минути и 32 секунди што е секако солиден резултати.