Автомобилскиот производител Астон Мартин би имал интерес да влезе во Формула 1, но под одредени услови. Извршниот директор Енди Палмер изјави дека присуствувал на состанокот на групата кон ФИА, која ги разгледува прашањата поврзани со моторите во шампионатот, и од неа си тргнал со заклучок дека за да влезе неговата компанија во спортот, треба да се стави лимит на трошоците.
Во моментов од компанијата се спонзори на тимот Ред Бул и работат директно со дизајнерот Адријан Нуи на проектот за автомобил Valkyrie, кој е управувано со мотор Cosworth.