More
    HomeВестиИндустријаКој кого се поседува?

    Кој кого се поседува?

    Објавено на

    Во Светот се регистрирани преку 100 авто производители и преку 200 брендови во вид на интелектуална сопственост. Сепак дали знаете дека најголем дел од нив се во “семејно сродство” односно поседувани од само неколку компании? Во продолжение ви прикажуваме дел од најголемите автомобилски производители и кои се брендвои од кого се поседувани.

    Bayerische Motoren Werke основана во 1917 година денес позната како BMW Group е третата по големина автомобилска компанија во Германија. Покрај BMW во своја сопственост денес ги има Mini како и Rolls-Royce.

    Daimler е поголема германска компанија која покрај тоа што ги поседува Mercedes-Benz и Smart во своја сопственост ги има и камионите Mercedes, комерцијалните автомобили Mercedes, брендовите на автобуси Mercedes, Thomas Built, Setra како и брендовите на камиони Freightliner, Fuso, Western Star и Bharatbenz.

    Некогаш најголемиот авто производител, но денес мака мачи со финансиите, GM во своето портфолио ги поседуваше брендовите како што се Oldsmobile, Pontiac, Saturn и Hummer. Денес, автопроизводителот ги поседува само Holden, Buick, Autobaojun, Cadillac, Chevrolet, GMC, Wuling и Jiefang. До минатата година во сопственост на GM беше и германскиот бренд Opel кој беше продаден на PSA Групацијата.

    Со спојувањето на Fiat и Chrysler се создаде еден од најголемите производители на автомобили во светот. Денес FCA ги поседува следните брендови: Chrysler, Dodge, Jeep, Ram, Fiat, Alfa Romeo, Lancia, Maserati и Fiat Professional. FCA има сопственички акции и во Ferrari.

    Автопроизводителот од Мичиген, Ford Motor Company иако во минатото ги контролираше и Aston Martin и Volvo, сепак денес во своето портфолио ги има само Ford и Lincoln. Со не многу брендови располага и Honda Motor Company. Јапонскиот производител ги поседува само Honda и Acura.

    Малку од вас знаат дека Hyundai и Kia се контролирани т.е. поседувани од една иста компанија. Станува збор за Hyundai Motor Company кои покрај претходно псоменатите брендови го поседува и луксузниот бренд Genesis.

    Со аквизацијата на Opel од GM минатата година, PSA Групацијата стана еден од најголемите производители на автомобили во светот. Во своето портфолио францускиот производител ги поседува Peugeot, Citroen, DS, Opel и Vauxhall.

    Renault-Nissan-Mitsubishi и официјално е најголемиот авто производител во светот. Поседува бројни брендови ширум светот, а покрај Renault, Nissan и Mitsubishi ги поседува уште и Dacia, Alpine, Infiniti, Datsun и Lada.

    Ретко кој би помислил пред 20тина години, но Tata групата покрај култниот Tata бренд ги поседува и моќните Land Rover и Jaguar. Во минатото Tata се обиде безуспешно да ги купи Volvo, Saab и Lotus.

    Toyota групацијата е една од најуспешните. Покрај Toyota, јапонската компанија ги поседува уште и Lexus и Daihatsu. 

    Zhejiang Geely e најголемиот кинески производител. Во своја сопственост има неколку брендови кои се продаваат во Азија како што се Geely Auto, Proton, Polestar, Lyn&co, Yuan Cheng Auto, но и Lotus и Volvo.

    И за на крај, најголемиот и најмоќниот авто производител – Volkswagen Group. Оваа германска групација ги поседува највредните брендови и тоа: Volkswagen, Audi, Bentley, Bugatti, Lamborghini, Porsche, SEAT, Skoda, Man, Scania и Ducati.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...